еМагазин
Image default
Македонија

Поради заболени од Ковид-19 се одлагаат судењата за несреќата кај Ласкарци и „Тортура“

Основниот кривичен суд Скопје, ги известува медиумите и невладините организации кои ги следат главните расправи за предметите со К.бр. 1407/19 поврзан со автобуската несреќа кај села Ласкарци и предметот со К.бр 1959/17 во јавноста познат како „Тортура“, дека расправите насрочени за 30.03.2021 год. (с.Ласкарци) и 02.04.2021 година („Тортуа“) се одлагаат.

– Предметот К.бр.1407/17 се одлага заради изолација и позитивен Ковид – тест на член на судечкиот совет и еден од бранителите, а следната расправа е насрочена за 20.04.2021 година, додека предметот К.бр. 1959/17 се одлага со оглед дека е доставено известување од еден од обвинетите дека е позитивен на Ковид – тест и се наоѓа во изолација.

Следната расправа за овој предмет е насрочена за 15.04.2021 годинаа, а за евентуални промени во термините, странките и јавноста ќе бидат благовремено известени, информираат од Основен кривичен суд Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По обвинувањата од вработени, шефот на Управен суд, Сејдини тврди дека не распределувал предмети рачно

Редакција

Кај 108 лица од заболените со коронавирусот во Македонија присутни хронична и здравствени состојби

Редакција

Бејли: Политичарите сериозно да ги земат предвид мнозинството 660.000 граѓани кои гласаа „за“

Редакција