еМагазин
Image default
Македонија

Обезбедени вакцини за новинари и медиумски работници

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во координација со Министерството за здравство во наредните денови ќе организира вакцинација против Ковид-19 за новинари и медиумски работници.

Обезбедени се дози од вакцината „АстраЗенека“, кои ќе бидат наменети за хронично болни новинари и медиумски работници и за оние над 45 години кои работат на терен или имаат чести студиски снимања.

Пријавувањето ќе се врши преку редакциите кои треба да достават список на електронската пошта: [email protected] со испраќање на пополнет формулар кој може да го симне тука.

Рокот за поднесување на формуларот е до утре до 16 часот.

За терминот и локацијата за вакцинирање, пријавените ќе бидат дополнително исконтантирани.

Останатите новинари и медиумски работници кои не се опфатени во оваа група ќе бидат опфатени во втората фаза на вакцинација, која е најавена за крајот на април.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев ги знае сите детали за бегството на Груевски, но ќе ги соопшти на јавноста кога ќе дојде време

Редакција

Регистриран земјотрес од 3,8 степени според Рихтер во близина на Битола

Редакција

МВР изрече 549 казни за неносење маска

Редакција