еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 974 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 974 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 103 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 63 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 84 болни, а во Куманово 166 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 103 пациенти, во Прилеп 127 во ковид центарот во Гостивар 36, а во Струга 14 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 84 пациенти, во Кочани 33 во Кичево 21, Кавадарци 72, а во Гевгелија 21 лице позитивно и суспектно на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.649 и има околу 260 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МПЦ се сомнева во пописните резултати за „религиска припадност“

Редакција

Личните карти и пасошите со изминат рок ќе важат додека трае вонредната состојба

Редакција

Вонредната состојба се продолжува за нови 14 дена

Редакција