Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 87 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство з аздравство.
Вкупно 686 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 45 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 20 примени пациенти и 11 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во Козле не биле примени нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 68 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 316 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 142 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти.
На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки.
Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 11 болни,“ се вели во соопштението.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Фото: МЗ