еМагазин
Image default
Бизнис

Во март повисока наплата на данокот на личен доход и на додадена вредност, пониска на данокот на добивка

Управата за јавни приходи (УЈП) во март бележи повисока наплата кај данокот на личен доход и данокот на додадена вредност, а пониска наплата има само кај данокот на добивка.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска соопшти дека вкупно остварениот даночен приход во март изнесува седум милијарди 720 милиони 610 илјади денари и тој е повисок за 6,17 проценти во однос на планираниот, односно 18,62 проценти во споредба со остварениот приход во март лани.

Наплатата кај данокот на добивка е пониска за 4,38 проценти во однос на планираното, додека кај данокот на личен доход е повисока за 4,34 проценти, а кај данокот на додадена вредност за 10,75 проценти.

Во споредба со остварениот приход во март 2020 година, данокот на добивка е понизок за 1,32 проценти, додека повисока наплата од 12,55 проценти има кај данокот на личен доход и од 29,5 проценти кај данокот на додадена вредност.

Според податоците на УЈП, во периодот јануари-март остварен е вкупен даночен приход од 20 милијарди 616 милиони 146 илјади денари што е за 3,09 проценти повеќе во однос на планираното и за скоро 8 проценти во споредба со остварениот приход во истиот период лани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Дрво-пром“ го доби тендерот на Управниот суд за адаптација и реновирање вреден 840.000 евра

Редакција

Неколкукратно намалена добивката на „Силекс“

Редакција

Договор вреден над 4 милиони евра склучи АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор со „БВ Инженеринг“

Редакција