еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Каракачанов изгуби во Бугарија, ама победи во Македонија

Партијата на се уште актуелниот министер за одбрана и вицепремиер, Красимир Каракачанов, ВМРО-БНД не успеа да влезе во бугарскиот Парламент.

Но, неговата партија е победник во Македонија.

Според податоците на Централната изборна комисија на Бугарија, во Македонија гласале вкупно 510 бугарски државјани, а 216 лица гласале за ВМРО-БНД.

Втора по бројот на освоените гласови е ГЕРБ, партијата на актуелниот премиер Бојко Борисов, за која гласале 100 граѓани во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе биде ли нов премиер на Бугарија, шоуменот и музичар Слави Трифонов?

Бојко Борисов во водство, втор е шоуменот Слави Трифонов

За него Македонците се северномакедонци со бугарски корен: Кој е Слави Трифонов, клучниот “играч“ за формирање влада во Бугарија

Каракачанов на својот Фејсбук профил најави дека неговата партија и покрај тоа што не влезе во бугарскиот Парламент ќе се бори за бугарскиот интерес во Македонија.

“Ќе продолжиме да го браниме бугарскиот интерес за Македонија – затоа што не треба да има компромис по секоја цена!“, напиша тој.

Фото: Каракачанов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 547 болни од Ковид-19

Редакција

Советот на ЕУ даде зелено светло за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово

Редакција

Јанева во Кривичниот суд, се одлучува дали ќе оди во притвор

Редакција