еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поради доцнење на државната помош, над 6.000 текстилни работници во Македонија на колективен одмор

Над 6.000 текстилни работници во земјава заминаа на колективен одмор. Претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров за МИА вели дека од вчера на одмор се работниците, а половина од нив се од Штип.

МИА вчера информираше дека работодавците оваа одлука ја донеле поради недонесувањето на петтиот пакет мерки од страна на македонските пратеници и неизвесноста од локдаунот во Германија и останатите членки на ЕУ.

-Работниците се пуштени на одмор, користат две недели од годишниот одмор за 2021 година. Од утринава имав повици од неколку компании од источниот регион. Се надевам дека пратениците конечно ќе помислат на народот, а не на партиите.

Во моментов немаме волшебно стапче, ова е преоден период, доколку не се донесе петтиот пакет мерки, од компаниите први ќе си заминуваат работниците со договори на определно, а потоа ќе следи и прогласување технолошки вишок, вели Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради доцнење на државната помош, над 3.500 штипски текстилни работници од денеска на колективен одмор

Државната помош ќе ги спаси работните места, а се очекува кон половината на годината да се имаат нарачки и ќе се знае реално состојбата во текстилниот сектор. Во моментов конфекциите немаат нарачки за шиење модна облека.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За 24 часа регистрирани 472 нови случаи на Ковид-19, во Скопје 222

Редакција

Доктор Пановски: Тие што се вакцинирале со кинеските вакцини, како трета доза веројатно треба да ја примат вакцината на „Фајзер“

Редакција

ОК, Катица го договарала Камчев за соработник-сведок, а Боки 13 во која улога е во приказната?

Редакција