еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Во Македонија живот не вреди ни пет пари

Случајот со овчарот од кратовско, кој почина поради неспособните и неоодговорни институции уште еднаш, по којзнае кој пат, покажа и докажа дека во Македонија човечкиот живот не вреди ни пет пари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина 63-годишниот маж од кратовско кој пет часа го носеа на раце за да добие помош

Најверојатно никој нема да одговара за неговата смрт, како и во бројни други ситуации. Без никаков срам и одговорност и по неговата смрт институциите си продолжија со меѓусебно обвинувања кој е виновникот.

Па дури и комисија ќе се формирала за утврдување на одговорност. Сите во Македонија знаеме што значи кога ќе се формира комисија за нешто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

18 лица биле на возраст од 20 до 49 години: За една недела 260 лица во Македонија починале од Ковид-19

Починаа уште 45 лица од Ковид-19, вкупниот број надмина 4.000

Поради неспособноста и ненавремената реакција на надлежните, смртта во Македонија стана нормално секојдневие, па заклучно со вчера во земјава имаме над 4.000 починати лица од Ковид-19, а експертите песимистички ни најавуваат дека најлошото допрва доаѓа.

Секоја чест за лекарите кои изгинаа и одамна се без сила, срамота за тие што ги водат.

До пред неколку дена не убедуваа дека попис мора да има и покрај предупредувањата од сите страни дека не е време за тоа, за да преку ноќ ни соопштаат дека ситуацијата со Ковид-19 се влошила, па донесоа, за жал на обичниот човек, задоцнети рестриктивни мерки.

Што си мислат, толку многу се паметни, па може да не манипулираат како ќе се стигнат? Сериозно се излажале.

Колку само животи ќе се спасеа ако навреме обезбедивме вакцини и навреме се донесоа вистинските мерки.

Очигледно е дека власта живее во некоја друга димензија, во која од Скопје до Прилеп се лета со хеликоптер, во која “фрчат“ тендери склучени во четири очи, во која цвета корупцијата…, а ние во димензија каде очајни луѓе земаат и кредит и заложуваат имот за да се лекуваат и не умрат во приватни болници, во која луѓе остануваат без работа, со никаква извесност дека ќе се вратат на истата, димензија во која само еден Господ знае како го преживуваат месецот, оти политичарите не ја изгласале државната помош во Собрание, не од нивни пари, туку од наши…

Арам да ви е.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инфектологот Шопова: Ако анализиравте правилно, мислевте на народот и на здравствените работници одамна ќе имаше карантин

Проф. Трајковски: Мерките се „по свадба тапани“ реакција, луѓето умреа непотребно

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија “победи“ Бојко Борисов, гласаа 453 македонски Бугари

Редакција

(Фото) На Попова Шапка отворен Информативно-едукативен центар и две соларни еко-зони за одмор во две бачила

Редакција

Кој е Ерџан Селими, заменик министер за локална самоуправа

Редакција