Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 67 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
„Вкупно 686 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 39 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во Козле биле примени 4 нови болни и 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.
На Институтот за физикална медицина се примени двајца пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 44 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 152 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти.
На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки.
Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 38 болни“, се вели во соопштението.
Вкупно 686 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Фото: МЗ