еМагазин
Image default
Локално

Гостиварец со години затајувал персонален данок

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело „даночно затајување“ според член 279 став 1 од Кривичниот законик, по претходно спроведена постапка.

Јавното обвинителство информира дека во период од 2014 до 2018 година, обвинетиот во својство на физичко лице, одбегнувал плаќање на персоналниот данок на доход.

Иако во наведениот период остварил приходи од 38.939.778 денари, тој приходите не ги навел во даночните пријави со што затаил персонален данок на доход во износ од 713.895 денари на штета на Буџетот на Република Северна Македонија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Остатоци од човечки скелет најдени на брегот на Мавровско езеро 

Редакција

(Видео) Познат идентитетот на убиецот кај „Мавровка“: МВР со детали за акцијата

Редакција

Почина возач по удар во дрво

Редакција