еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бојко Борисов нема да биде мандатар, неговата партија ќе го предложи Даниел Митов за нов премиер

Лидерот на ГЕРБ и бугарскиот премиер во заминување, Бојко Борисов, денеска ја потврди веста дека неговата партија ќе го номинира поранешниот министер за надворешни работи, Даниел Митов, од неговата втора влада во периодот 2014-2017 година за нов бугарски премиер.

ГЕРБ тоа ќе го стори за време на консултациите за формирање на новата бугарска Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов веста ја објави во живо на својот Фејсбук профил.

Претходно денеска, Борисов од Велико Трново најави дека ќе предложи друг кандидат за бугарски премиер со „нова јасна ориентација кон Европа и НАТО“. Името на Даниел Митов тогаш се појави во голем број бугарски електронски медиуми.

Борисов и се заблагодари на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за договорената нова забрзана испорака на 50 милиони дози од вакцината „Фајзер“/„БиоНТек“, што се очекува да пристигнат во ЕУ во вториот квартал од годината.

МИА/Фото: Фејсбук/Борисов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хуманитарната акција „Ако имаш донеси, ако немаш понеси“ се шири

Редакција

Почна вакцинацијата против Ковид-19 во земјите од ЕУ

Редакција

(Галерија) Луксузни дестинации оваа сезона за македонскиот моден дизајнер Папаз

Редакција