еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Македонија згрозена: Малолетно дете во Кочани тепано од неколку мажи, таткото со оружје порача ќе се одмаздам

Јавноста во Македонија е згрозена од снимката на која се гледа како возрасни лица малтретираат и тепаат малолетно дете, за кое дел од медиумите објавија дека има 10 години, а дел 13, во кочанската населба „Трајаново трло“ за наводна кражба.

На снимката, која ја објави Цивил медиа, се гледа како детето плаче и ги моли да го однесат кај мајка му, а наместо тоа добива клоци, шамари…

Настанот се случил во недела навечер.

Од МВР најавија дека ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави за лицата кои го тепаа и малтретираа дететото, а се идентификувани девет лица, со кои е извршен разговор.

Во врска со случајот со насилство врз дете во Кочани, за што постои и снимен материјал што се споделува на социјалните мрежи, ОВР Кочани ја известува јавноста дека во координација со Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство врз дете“, а идентификувани се девет лица, со кои е извршен службен разговор и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

По преземени мерки утврдено е дека настанот се случил на 11.04.2021 околу 20 часот во Кочани.
ОВР Кочани презема мерки и за расчистување на останатите инциденти кои следеле во текот на вечерта.

Во координација со ОЈО Кочани до сега се приведени А.Н. , Н.Н. и А.В., а извршен е службен разговор со 20 лица. По целосно расчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информираа од МВР.

Истата вечер, кога детето било тепано и малтретирано, негови роднини и соседи со две возила дошле во Кочани и физички се пресметале со локалните жители. Неколку лица од нападнатите завршиле со контузии на главата и исеченици на лицето и рацете, пренесе телевизијата Сител.

ДЕТЕТО ИСПЛАШЕНО И СЕ ПОВЛЕКЛО ВО СЕБЕ

Телевизијата 24 објави дека нападнатото дете е штитеник на Центарот за социјална работа од Скопје и дека пред инцидентот било сместено во згрижувачко семејство. Во Кочани дошло со биолошките родители и во полицијата во присуство на социјалните работници и адвокатот ја раскажало својата приказна.

„Детето физички е во добра здравствена состојба. Лекарскиот преглед утврди модринки по телото, но за среќа нема посериозни повреди.

Деновиве ќе разговара и со психолог, бидејќи по настанот е многу повлечено во себе и исплашено, но може да ги препознае сторителите“, вели за ТВ 24, Срџан Амет, адвокат вклучен во случајот.

Треба да се напомене и дека овој инцидент следи откако пред неколку дена жителите на кочанската населба „Трајаново Трло“ протестираа против изградба на типски куќи за социјално загрозени семејства, порачувајќи дека нема да дозволат до нив да се изгради населба која ќе биде населена со Роми.

ТАТКОТО СО ОРУЖЈЕ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ СЕ ОДМАЗДИ

„Лично со ова мозокот ќе им го извадам. Исто така, парче по парче ќе сечам од нив“, порача во видео кое заврши на социјалните мрежи, наводниот татко на дететото, кој најави одмазда со пиштол и нож.

Тој е идентификуван од полицијата, која информираше дека станува збор за триесет и шест годишниот А.И., а истиот моментално е во бегство и не е достапен за полицијата.

Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ БАРААТ СМИРУВАЊЕ НА ТЕНЗИИТЕ

Граѓаните на Кочани побараа да се смират тензиите во јавноста и да се расчистат околностите што доведоа до инцидентот во населбата “Трајаново Трло кој“, пренесе МИА.

Заеднички е ставот дека, без оглед на етничката припадност, треба да се спречи какво било насилно решавање на меѓусебните проблеми. Во допис до јавноста, жителите на населбата бараат од надлежните органи да преземат мерки против кражбите и криминалното однесување.

– Ние, жителите на населбата “Трајаново Трло“, која е со мултиетнички состав, како репрезент на соживотот во населбата, организиравме еко-акција во која беа исчистени две зелени површини, а поголема количина отпад беше однесена на градската депонија.

За жал, по успешната акција, се соочивме со неколку кражби и разбојништва во истиот ден, а во два случаи сторителите беа фатени на лице место. Тие не познаваат ниту етничка, ниту верска припадност, а дејствуваат кога нивните бизнис интереси се загрозени.

Како граѓани најостро осудуваме секаков вид насилство, без разлика од каде доаѓа. Дали некому му одговара криминалот и насилството во Кочани и уште колку немили настани се потребни за конечно институциите да излезат во наша заштита и најстрого да ги осудат насилниците и разбојниците?

Треба ли да биде загубен човечки живот за конечно да добиеме правда, се истакнува во писменото известување до јавноста од жителите на „Трајаново Трло“.

Видео: Civil/Фото: ТВ 24

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Словачкиот премиер Фицо излезе од болница

Редакција

161 се реинфекции: 905 нови случаи на Ковид-19 од 2.808 тестови

Редакција

„Лос Анџелес тајмс“ го вброи „Медена земја“ меѓу четирите најсериозни кандидати за „Оскар“

Редакција