еМагазин
БЕНЧМАРК

На 20 април ќе се знае повеќе какви се позициите на земјите членки на ЕУ за Македонија

Министрите за европски работи на 20 април ќе одржат неформална средба на која португалската министерка ќе ги информира своите колеги за состојбата со проширувањето кон западен Балкан.

Ова ќе биде куса информативна точка на неформален состанок, а не точка за дискусија на формален состанок. Советот за општи работи одлучува за одржувањето на меѓувладината конференција со Северна Македонија и Албанија и усвојувањето на преговарачката рамка, блокирана од страна на Бугарија од минатата година поради билатералниот спор меѓу Скопје и Софија.

Висок ЕУ дипломат денеска објасни дека на 20 април ќе се знае повеќе какви се позициите на земјите членки за Северна Македонија.

-Министерката ќе ги информира своите колеги до каде сме со проширувањето и процесот на стабилизација и асоцијација, што правиме од јануари и што ќе правиме во наредните месеци, да почекаме министрите да зборуваат и португалската министерка за европски прашања да ја одржи информативната точка, сигурно на прес-конференцијата ќе информира кои се реакциите на земјите членки, изјави висок дипломатски извор во Брисел за подготовката на овој Совет, на прашање дали Португалија очекува да се одржи меѓувладината конференција со Северна Македонија или Албанија за време на ова претседателство.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковид-пасошите во ЕУ стануваат реалност, на невакцинираните ќе им треба негативен тест за да патуваат

Редакција

Чешка подготвена за брз старт на преговорите по одобрување на францускиот предлог, велат од МНР

Редакција

Над 43% од трошоците на домаќинствата во Македонија се за храна и пијалоци, во ЕУ – 13

Редакција