еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Кунгуловски: Заболувањето со Ковид-19 носи за 5 пати поголем ризик за тромбоза, отколку било која вакцина

Доктор Горан Кунгуловски, коосновач на Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“ на Фејсбук прави споредба за ризикот за тромбоза кај заболените со Ковид-19 и вакцинираните против вирусот.

Во последниов период се дигна галама за поврзаноста на вакцината на AstraZeneca, а сега и на вакцината на Johnson & Johnson со ретки типови на тромбоза како церебрална венозна тромбоза (CVT).

Во една интересна студија osf.io, којашто секако треба да се валидира и репродуцира во други држави е утврдено дека ризикот за церебрална венозна тромбоза е следниот:

1.Кај COVID-19 пациенти = 39 на милион

2.Pfizer/Moderna вакцина = 4 на милион

3.AstraZeneca вакцина = 5 на милион

Тоа значи дека COVID-19 води до барем пати зголемен ризик за церебрална венозна тромбоза во споредба со било која вакцина (и таа на AstraZeneca).

Да не ги заборавиме и другите почести исходи (независно од CVT) од COVID-19 како останати типови на тромбоза, пневмонија, оштетување на органи, цитокинска бура, кои знаат да доведат и до смрт.

Никој без имунитет нема да избегне заразување со SARS-CoV-2, дали сега, дали за месец од сега или за година од сега.

Изборот е двоен: вакцина или COVID-19. Шансите за преживување се стотици можеби и илјадници пати поголеми со вакцина. Проста и едноставна математика“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студија: Петпати поголема веројатност да се заразите од оние кои прележале Ковид-19

Студија: До 10 пати е поголем ризикот од згрутчување на крвта по заболување со коронавирусот, отколку од вакцината против него

Фото: Фејсбук/Кунгуловски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Се отстранува железната ограда околу Владата

Редакција

Лажна вест е дека може да се смени преговарчката рамка и дека е можна подобра, вели американската амбасадорка

Редакција

АХВ ќе фрла вакцинални мамки за лисиците

Редакција