еМагазин
Свет

Загриженост во СЗО поради високата стапката на инфекции со Ковид-19

Бројот на нови случаи на коронавирусот за една недела е речиси двојно зголемен на глобално ниво во последните два месеца, приближувајќи се на највисоката стапка во досегашниот тек на пандемијата, изјави денеска во Женева генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

„Бројот на новозаразени и смртни случаи продолжува да расте со загрижувачки стапки“, рече Тедрос на конференцијата посветена на состојбата во Папуа Нова Гвинеја и западно-пацифичкиот регион.

Тој вели дека е многу загрижен за можноста за многу поголема епидемија во Папуа Нова Гвинеја, поради што од витално значење за таа земја, како што рече, е да добие што е можно побрзо вакцини против Ковид-19.

Досега се пријавени повеќе од 9.300 случаи на коронавирусот и 82 смртни случаи во земјата.

„Иако овие бројки се уште се пониски од другите земји, зголемувањето е драстично и СЗО е многу загрижена за потенцијалот за многу поголем обем на епидемијата“, рече Тедрос.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германија ги укинува тестовите за корона вирус за лицата од ризични земји

Редакција

Експлозијата во Полска ја предизвикала украинската воздушна одбрана, соопшти НАТО

Редакција

Војната во Украина може да заврши до мај или порано, тврди советник на Зеленски

Редакција