еМагазин
Image default
Балкан

Слави Трифонов порача дека партијата на Борисов треба „да исчезне од бугарскиот политички живот“

Лидерот на партијата „Има таков народ“, Слави Трифонов, на Фејсбук најави дека нема да бара поддршка во актуелниот бугарски Парламент за воведување мнозински изборен систем во земјата и смета дека намерата на ГЕРБ да воведе таков систем ја смета за обид на партијата да се спаси.

За Слави Трифонов, сепак, сега е поважно „ГЕРБ да исчезне од бугарскиот политички живот“ и додава дека таа е „токсична партија“. Тоа тој го напиша како одговор до бугарскиот премиер во оставка и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, за неговите обвинувања дека партијата „Има таков народ“ бега од ветувањата дадени пред гласачите, бидејќи не сака да работи заедно со ГЕРБ.

Од објавата на Слави Трифонов станува јасно дека партијата „Има таков народ“, која е втора сила во новоизбраниот бугарски Парламент повеќе претпочита да се оди на предвремени избори отколку да се формира нова влада. Трифонов информира дека мнозинскиот изборен систем ќе биде усвоен од еден помирен и посигурен бугарски Парламент.

Од ГЕРБ го нападнаа Трифонов и го обвинија за лажење, бидејќи сега неговата партија, заедно со партијата на Борисов, имаат 126 гласа и доволно мнозинството да ги изгласаат измените во изборниот модел.

БСП и „Демократска Бугарија“ како одговорна и мудра ја оценија одлуката на „Има таков народ“ да не се брза сега со дебатата за воведување мнозински систем во Бугарија.

МИА/Фото: Фејсбук/Трифонов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Еден загинат и еден исчезнат во поплавите во грчкиот град Волос

Редакција

Бугарија ќе ја одложи таксата за транзит на руски гас низ нејзина територија

Редакција

(Фото) Вучиќ доби подарок албански речник од новинарот Сефери, кого го консултираше за читањето албански

Редакција