еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(ФОТО) Пендаровски со сопругата, вработените во кабинетот и волонтери подготвуваа посно јадење во пресрет на Велигден

Претсетдателот Стево Пендаровски информираше дека со вработените во кабинетот, сопругата Елизабета Ѓоргиева и волонтери се приклучиле на граѓанската иницијатива „Ретвитни оброк“ и подготвиле посни оброци пред Велигденските празници.

„Празниците се повод да ја поттикнеме хуманоста, добрината и солидарноста во секој од нас.

Во пресрет на Велигденските празници, овој петок заедно со волонтерите од „Ретвитни оброк“ и вработените во Kабинетот подготвивме посни оброци.

Благодарност до „Тинекс“, Пекабеско и до сите што досега се вклучија во граѓанската иницијатива „Ретвитни оброк“ и со своите донации покажаа општествена одговорност и хуманост на дело,“ напиша Пендаровски на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишува во биографијата на Бујар Османи, новиот министер за надворешни работи

Редакција

СЗО не може да ја потврди ефикасноста на новиот лек „ремдесивир“ во борбата против корона вирусот

Редакција

Почина долгогодишниот директор и член на УО на НЛБ банка, Љубе Рајевски

Редакција