Семејството на Емилија Динева, првиот донор на срце во Македонија, е во тешка финансиска состојба и му е потребна помош, пренесува телевизијата Телма, која разговарала со Влатко Динев, син на Динева.
“Влатко е се уште средношколец, но работи и во Општината Дојран со договор на дело. Тешката финансиска ситуација по несреќата во која се нашле Диневи, ги принудило и синот да бара работа.
Општината понудила момчето да го ангажира, а ги контактирале и од Министерството за здравство“, објави телевизијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Телма
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.