еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Жители на Галичник побарале помош, на патот имало наноси од снег високи до шест метри

Екипи на „Македонија пат“ работат на расчистување на снежни наноси на патот кон селото Галичник, откако граѓаните побарале помош од Центарот за управување со кризи.

„На повик на неколку жители на село Галичник, кои што се наоѓаат во селото до кое што не може да се дојде со возило затоа што патот е со големи наноси на снег на некои места и со по неколку метри длабок снег денес ќе се обидеме да дојдеме до селото и да ги посетиме овие луѓе.

Ние веќе апелиравме до Македонија пат, да ги забрзаат работите со чистење на патот, бидејќи доаѓаат и велигденски празници и луѓето кои што живеат таму, луѓето кои што сакаат да го посетат овој македонски планински бисер, да можат викендов да отидат во селото.

Како што можеме да видиме Македонија пат добро ја има завршено својата работа, патот е пробиен низ длабокиот снег, изјави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Поголем дел од наносите се високи повеќе од еден метар, а на некои делови и по пет-шест метри.

МИА/Фото: МИА/Ангелов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе малолетници тепале дете, го снимиле тепањето и го објавиле на социјалните мрежи

Редакција

МВР приведе четворица тешки криминалци осудени на вкупно 41 година затвор

Редакција

Жител на Визбегово се шетал со 600 куршуми

Редакција