еМагазин
Image default
Македонија

Никола Груевски се јави со своја верзија за крвавите настани во Собранието на 27 април 2017

Како и во минатите неколку години на овој ден, забележав дека челниците на власта на СДСМ предводена од Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски и останатите објавија свои ФБ статуси во кои главната поента е дека инцидентите на 27 април 2017 година се анти демократски чин и дека за виновни го прогласуваат тогашното водство на ВМРО-ДПМНЕ, во прв ред мене лично, но и другите кои се во судска постапка, како организатори и учесниците, односно граѓаните кои протестираа и особено оние кои влегоа во Парламентот. И дека требало сите да одговараме, напиша експремиерот Никола Груевски на својот Фејсбук-профил. .

„Јас мислам дека директни осмислувачи на сценариото за предизвикување на овие инциденти на 27 април е самата денешна власт предводена од СДСМ, тогаш се уште опозиција, односно власт во доаѓање.

Пренагласеното покажување со прст кон политичкиот противник во секоја можна прилика, илјадници пати повторено, укажува на страв од откривање на вистинските креатори и осмислувачи, укажува на тоа дека и тоа како им е важно друг да биде прогласен за виновен, а тоа може некому да му е толку многу важно само доколку вината е кај него.

Зошто инаку би покажале со прст кон некого дека е организатор, а знаат дека не е, без да имаат елементарен доказ и зошто би вршеле отворен и јавен, а којзнае уште колку не јавен притисок на судот и судиите, за по секоја цена да утврди друг виновник, сега додека тие уште се на власт?

За да не се открие вистинскиот осмислувач на настанот после кој оваа власт доби голема подршка, што беше лесно предвидливо. Сега во време кога судскиот совет е целосно ставен под партиска контрола, а на оние судии кои не се партиски контролирани од партијата на власта, во тек е генерална ревзиија и секој еден може лесно да биде разрешен ако не постапи според очекувањата на власта.

Зошто спротивно на законите, противуставно и со не деловничко гласање одлучија да бираат претседател на Парламентот токму во време кога народот кој 60 дена по ред мирно и достоинствено протестираше беше пред вратите на Парламентот?

Можеа да го направат тоа два часа или повеќе порано, или два часа или повеќе подоцна. Но, не им беше доволно тоа, бидејќи така главниот фокус ќе беше на нивниот криминален избор, а не нешто друго.

Да, темпирале токму кога народот е надвор пред Парламентот и преку ФБ будно следи што се случува внатре во салата, а за таквиот директен пренос преку интернет се погрижија неколку пратеници на СДСМ“, пишува Груевски.

Целиот статус ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Четири години од „крвавиот 27 април“ во Собранието: Никогаш да не се повтори

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР распиша оглас за вработување на 600 полицајци

Редакција

Регистриран 701 прекршок за неносење на маски

Редакција

Чаир има над 400 активни случаи на Ковид-19: Детален преглед по скопски општини

Редакција