еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(Видео) Четири години од „крвавиот 27 април“ во Собранието: Никогаш да не се повтори

Изминаа четири години од немилиот настан на 27 април 2017 година познат како „крвавиот четврток“ кога во Собранието влезе толпа со цел да се спречи одржувањето на конститутивната седница.

Поединци физички нападнаа повеќе пратеници, новинари и други присутни лица од кои многумина завршија со повреди меѓу кои и актуелниот премиер Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а најкритична беше состојбата на пратеникот Зијадин Села.

Судската разврска за овој случај почна на 22 август 2018 година и е еден од најголемите во поновата македонска историја.

На почетокот процесот почна против вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Но, по донесувањето на Законот за амнестија беа помилувани 15 лица.

Судечкиот совет во Кривичниот суд во Скопје предводен од судијката Добрила Кацарска на 15 март 2019 година им одреди вкупна затворска казна од 211 година на 16 обвинети за насилствата во Собранието.

Неодамнешните протести за ослободување на осудените покажаа дека Македонија се уште е политички силно поделена, што е нормално за една демократска земја.

Но, никој нормален не би требало да посакува вакви инциденти да се повторат.

Борбата за власт и политичките несогласувања се разбирливи, но никогаш повеќе не смее да бидат извор на насилство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична за Тодор Петров поради непочитување на мерките на протестот за осудените за „27 април“

(ГАЛЕРИЈА) Протест за ослободување на осудените за „27 април“, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дадоа поддршка

Фото/Видео: Youtube/ТВ 24 вести/МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Една фирма за две години добила 14 тендери во Министерството за информатичко општество и јавна администрација, фирмите не им веруваат на институциите

Редакција

(Галерија) еМагазин на Кикладите: Срцето ми остана на Кимолос

Петре Димитров

Четири новозаразени текстилни работнички во Штип, вкупната бројка од истата конфекција се зголеми на 10

Редакција