Во штипскиот ковид центар е намален притисокот за сметување на пациенти и нивен болнички третман.
Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека во модуларната болница, каде што се лекуваат пациентите во тешка здравствена состојба хоспитализирани се 26, а имаат 21 слободен болнички кревет.
На Инфективното одделение денеска се лекуваат 32 пациенти, слободни места имаат за 28 лица.
Утринава од ковид центарот, како оздравени пациенти си заминале 18, а се примени седум.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека деновиве се намалува бројот на пациентите, но и потрошувачката на кислород, којашто достигнуваше дневно и над еден тон.
-Деновиве имаме намалување на потрошувачката на течен кислород и дневно се движи од 600 до 700 тони. Но, загрижува тоа што пациентите кои доаѓаат се во тешка здравствена состојба, вели Ѓеорѓијев.
Апелира граѓаните да се воздржат од собирање и дружби за време на празниците, за да немаат повторно полни болнички капацитети, но и да си го зачуваат своето здравје и на најблиските во семејството, а особено на повозрасните граѓани.
МИА/Фото: МЗ