еМагазин
Image default
Балкан

Србија ќе им плаќа на граѓаните за да се вакцинираат, најави Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека сите кои ќе се вакцинираат до 31 мај или веќе се вакцинираа ќе добијат еднократна парична помош од 3.000 динари.

„Ова можеби ќе биде мотив и за оние кои сè уште не се одлучиле дали да се вакцинираат. Но, бидејќи немаме начин како да воведеме мерки за оние кои одбиваат да се вакцинираат, редно е да ги наградиме тие кои покажаат одговорност и свесност,“ изјави Вучиќ.

На овој начин, вели Вучиќ, ќе се продолжи нормално да се функционира и дополнително да се зајакне економијата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Едно лице загина, друго исчезна во силно невреме на Крит, автомобили завршија во морето

Редакција

(ВИДЕО) Се пееше „Македонија славна“: Тензично и инциденти на прославата на Денот на независноста на Грција

Редакција

Градоначалникот на Солун, Бутарис: Договорот од Преспа мора да се почитува

Редакција