еМагазин
Image default
Македонија

Заев денеска ќе се вакцинира во пунктот на салата „Борис Трајковски“

Премиерот Зоран Заев денеска ќе се вакцинира во пунктот на салата „Борис Трајковски“ А1 арена.

Не е најавено која вакцина Заев ќе ја прими, имајќи предвид дека се на располагање кинеските на „Синофарм“, „Фајзер“ и „Спутник В“

Министерот за здравство Венко Филипче деновиве изјави дека министрите ќе бидат следните за вакцинирање како дел од критичната инфраструктура.

Инаку, првите денови од почетокот на масовната вакцинација, имаше слаб интерес од страна на граѓаните. Половина од нив кои добиле термини не се појавиле на вакциналните пунктови низ целата држава.

Проблеми имаше и со системот „Мој термин“, па граѓани со СМС пораки беа препраќани во други места за вакцина од оние каде што живеат.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно со 2 мај, со „Фајзер“ вакцинирани се вкупно 19.858 (15.933 со прва доза и 3.925 со втора доза), со „Спутник В“ се вакцинирани 34.177 (22.768 со прва доза и 11.409 со втора доза), со вакцината на „АстраЗенека“ вкупно се вакцинирани 21.949 лица и со “Синофарм“ се вакцинирани 953 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓаните кои добиле погрешни СМС пораки да се вакцинираат во најблиското место, но да го почитуваат терминот

Половина од граѓаните со термин, вчера не дошле да се вакцинираат

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аеродром, Карпош и Центар со по над 300 активни случаи на Ковид-19

Редакција

Починаа уште 45 лица од Ковид-19, вкупниот број надмина 4.000

Редакција

427 санкции за неносење маска 

Редакција