еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Германија и Словачка бараат Скопје и Тирана заедно да ги почнат преговорите со ЕУ во јуни

Германија и Словачка се залагаат Македонија и Албанија во јуни заедно да ги почнат преговорите за членство во ЕУ, објавија на Твитер германскиот министер за Европа, Михаел Рот и словачкиот министер за надворешни работи Иван Корчок.

– Германија ја поддржува целта на португалското претседателство со ЕУ да се одржи првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија во јуни. Двете земји ги испорачаа бараните реформи – сега мора и ЕУ да испорача.

Понатамошното одложување ги поткопува кредибилитетот на ЕУ и стабилноста на регионот, напиша Рот, како реакција на изјавата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји за Еуроњуз дека Брисел би можел да ги почне пристапните преговори со Тирана, ако Скопје и Софија не изнајдат заеднички прифатливо решение за историскиот спор.

Шефот на дипломатијата на Словачка, Корчок, пак, смета дека Советот на ЕУ треба да го тргне ветото за Македонија што го стави Бугарија.

– Кредибилна политика за проширување на ЕУ сега значи отфрлање на ветото во Советот, кој треба да го признае напредокот на Северна Македонија и Албанија. Одржувањето на меѓувладините конференции со двете земји веќе многу доцни, напиша Корчок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Совет на амбасадори: Загрижени сме од најавите на Вархеји за можно одвојување на Албанија и Македонија во преговорите

Можно е раздвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, повтори еврокомесарот за проширување Вархеји

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уапсен осомничен за помагање во убиството во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија

Редакција

Груевски на Фејсбук: „Прво влез во НАТО и ЕУ, а потоа корекција на штетата„

Редакција

Дебарчанец почина од Ковид-19, досега вкупно 564 починати од вирусот

Редакција