еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во Грција ќе може да патуваме од 14 мај со негативен ПЦР тест или со потврда за вакцинација

Грција би требало да ја отвори границата на 14 мај и да дозволи влез за граѓаните на Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или со потврда за вакцинација против Ковид-19, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Овие информации му ги дал грчкиот министер за туризам Харис Теохарис при последниот телефонски разговор што го имале минатата недела.

Засега не се знае дали С Македонина ќе биде во групата земји за чии граѓани ќе биде допуштен влез во Грција и со негативен брз антигенски тест. Филипче рече дека за тоа се чека одлука од грчката Влада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На денешното рочиште за „Софтвери“, сослушани сведоци на предлог на одбраната

Редакција

Каков имот пријавил Александар Пандов, чиј дом во Орешени беше запален

Редакција

Малолетник и 21-годишник го убиле 14-годишното момче во Прилеп

Редакција