еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Под посебни протоколи се одржа традиционалната Струшка Литија

Под строги мерки за заштита и превенција на населението од коронавирусот, попладнево во Струга се одржа традиционалната Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица.

Поради пандемијата, годинашната Литија се оджа без верниците во топлата, само со локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски и манастирот во Рајчица.

Почитувајќи ги апелите на организаторите, верниците држејќи соодветно растојание и со заштитни маски пред светињите се поклонија распоредени по тротоарите и на кејовите на реката Црн Дрим, како и на вечерната богослужба која се одржа во дворот на црквата „Свети Ѓеоргиј“.

– Да го помолиме светиот великомаченик Георгиј, следната година, да нема вонредни околности. Што поскоро светот да се избави од големото искушение што го снајде за животот да се врати во нормала и да можеме Струшката Литија да ја направиме пославна и поголема од било кога, изјави сестра Ефимија, од сестринството во манастирот во Рајчица.

За строго почитување на препораките се грижеа полициски службеници, црковни лица и приватна агенција за обезбедување, кои не дозволија во ниту еден момент да се приклучат верници во поворката.

Покрај свештенството и монаштвото во Литијата се движеа и носачите на моштите на свети Георгиј и чудотворните икони, како и носачите на црковните знамиња, крстови, рипидии и се што е неопходно да се одржи обредот, но без оркестарот и традиционалните торжества.

Стружани, како што велат, денеска се сплотени и без разлика дали се излезени на улица или се во домовите, денешниот ден го доживуваат со посебна радост.

– Ние, народот денеска ќе бидеме на послушание да не сме во поворката, туку да се радуваме на благодатта на моштите. Благословот од моштите ќе стигнат до секого и без да одиме во поворката, истакна една верничка која беше да се поклони пред светињите.

Традиционално на 7 мај, во Струга се одржува Литија со моштите од Свети Георгиј Победоносец од истоимениот манастир во Рајчица. И во услови на пандемија моштите од светецот пристигнаа на раскошно украсен епитаф во црквата „Свети Георгиј“ во Струга, од манастирот во Рајчица.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре продолжува печатењето и издавањето лични карти

Редакција

Во штипскиот ковид центар расте бројот на тешки случаи, од Ковид-19 починаа две лица

Редакција

Нови 242 случаи на Ковид-19 од 3.561 тестирања

Редакција