еМагазин
Image default
Македонија

Филипче не разговарал со Заев за потпретседателско место во СДСМ, но верува дека ќе го направел најдобриот тим

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека со лидерот на СДСМ, Зоран Заев досега не разговарал за негово евентуално назначување на местото на Радмила Шекеринска – потпретседател на партијата.

Филипче верува дека Заев повторно ќе го направи најдобриот тим и дека ќе продолжи да ги спроведува, како што рече, успешните политики.

-Не сум разговарал на таа тема со претседателот Заев. Преокупирани сме со менаџирање на овој процес, на кризата и вакцинацијата. Верувам дека ќе го направи најдобриот тим, исто како што беше и до сега, и дека ќе продолжи успешно да работи на полето на имплементирањето на сите успешни политики исто како и досега, истакна Филипче.

Одговорајќи на новинарски прашања по приемот на донацијата од 100.000 вакцини, а во пресрет на утрешниот конгрес на СДСМ, Филипче не кажа дали би ја прифатил функцијата  – потпретседател на СДСМ ако му биде понудена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не сум од оние кои припаѓаат на некоја партија само како функционери, вели Шекеринска

Лукаревска ќе добие висока позиција во новото раководство на СДСМ, Спасовски и Филипче можни потпретседатели?

Шекеринска нема повторно да се кандидира за заменик претседател на СДСМ, Заев вели дека ќе му остане другарка

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски на Фејсбук: „Прво влез во НАТО и ЕУ, а потоа корекција на штетата„

Редакција

ДИК: Досега пристигнати седум приговори од партијата ТМРО

Редакција

Во Прилеп и Пласница по еден, во Долнени уште двајца новозаразени со коронавирусот

Редакција