еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија протера руски дипломат

Министерството за надворешни работи (МНР) прогласи дипломат на руската Амбасада во Македонија за непожелна личност.

-Министерството за надворешни работи, согласно член 9 од виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Република Северна Македонија, стои во соопштението на МНР.

Во оваа насока, додава МНР, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пријавени вкупно 75 случаи со симптоми на мали сипаници: Најмногу има во Аеродром

Редакција

ЗНМ и СЕММ бараат крајна внимателност при известувања за лични трагедии или самоубиства

Редакција

Родители пријавени во полиција бидејќи ја малтретирале малолетната ќерка

Редакција