еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Топ пет највисоки плати во Македонија

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2021 година изнесува 28.217 денари и бележи раст во однос на март лани од 6,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Највисоката просечна плата во март била 107.022 денари, бруто, а истата е исплатена во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности.

Следи платата од 73.657 денари во дејноста – телекомуникации, па во дејноста производство на основни фармацевски производи и фармацевски препарати – 70.008 денари, па дејноста – финансиски услуги, освен осигурување и пензиски фондови – 66.933 и воздухопловен транспорт – 64.338.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечната нето-плата во март 28.217 денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест за акционерите: „Алкалоид“ ќе почне со исплата на дивиденда на 22 мај

Редакција

„Политико“: Софија ќе признае македонски јазик и идентитет, ако Скопје признае бугарски темели на јазикот и идентитетот

Редакција

(Видео) Објавувачот на новите аудио „бомби“ за ДУИ го покажа ликот

Редакција