еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Даниловски за СП: Тие што не развиле имунитет после две дози “Синофарм“, треба да се вакцинираат со “Фајзер“

Професорот на Медицинскиот факултет и поранешен министер за здравство, доктор Драган Даниловски за Слободен печат вели дека во случаите каде што граѓаните и по две дози од “Синофарм“ вакцината не развиле имунитет, треба да се вакцинираат со трета доза, ама од друг производител.

Според него, најсоодветен производител за оваа намена е “Фајзер“, бидејќи имунолошкиот систем на постарите граѓани е исцрпен, а фајзеровата вакцина дава посилен стимул на имунитетот да реагира адекватно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Д-р Петличковски: Да се размислува за трета доза од друга вакцина за лицата кои со „Синофарм“ нема да развијат антитела

Засега нема официјална препорака за трета доза за вакцинираните со кинеската вакцина „Синофарм“

-Најчесто антитела не развиваат постари лица, над 70 години од јасни причини. Кај нив имунолошкиот систем е веќе исцрпен заради возраста и веројатно заради редовното присуство на некое хронично заболување.

Кај нас ретко можете да најдете човек над 70 години без здравствени проблеми, што е трагично и претставува посебна, многу сериозна тема.

Обединетите Арапски Емирати користеа „Синофарм“ и “Синовак“, веќе вакцинираа со трета доза одреден број свои граѓани кои не развиле антитела. Бахреин вакцинираа со „Синофарм“, се подготвува да администрира трета доза од друг производител.

По углед на ОАЕ и Бахреин, а врз основа на најавите на официјални лица од „Синофарм“, кои изјавуваа дека многу веројатно за нивните вакцини ќе требаат три дози, веројатно ќе треба да донесеме и ние слична одлука. Дефинитивно мислам дека третата доза треба да биде “Фајзер“.

Зошто? Зашто на исцрпен имунолошки систем му треба посилен стимул за да реагира адекватно, нешто што “Синофарм“ не е секогаш во состојба да го стори. Значи, се сомневам дека и трета доза на “Синофарм“ би имала значаен ефект, вели Даниловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студија во Србија: 20% од ревакцинираните со кинеската вакцина „Синофарм“ не развиле антитела

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст од 5,9%: За една недела 36 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19

Редакција

Објавен е бројот на кол-центарот каде што може да се јавите ако имате симптоми на корона вирусот

Редакција

Две нови вакцини во Календарот за имунизација, против рота-вирусот и пневмококна вакцина

Редакција