еМагазин
Image default
Македонија

46% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, информираат од Министерството за здравство.

“Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 422.503 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 224.336 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 2.958 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.940 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 267.167 дози вакцини, а ревакцинирани се 42.831 граѓани.

Со последните бројки 46% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 39% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација.

Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бајруш Сејдиу останува на слобода, добил условен отпуст од 11 месеци

Редакција

Во велешката болница за 24 часа починаа двајца пациенти од Ковид-19

Редакција

Обвинителство отвори предистражна постапка за назначувањето на Христовски за прв човек на АНБ

Редакција