еМагазин
Image default
Македонија

Започна вакцинацијата на лицата со ретки болести

Денеска започна вакцинацијата на лицата со ретки болести заведени во Националниот регистар за ретки болести, информираат од Министерството за здравство.

“Се вакцинираат и родителите и старатели на малолетните лица од овој регистар, кој има околу 60 различни дијанози на ретки болести.

Покрај овие лица ќе се вакцинираат и пациентите со Цистична Фиброза. Во оваа категорија ќе се вакцинираат и родителите и старателите на малолетните лица со Цистична Фиброза.

Вакцинацијата ќе се изведува во наредните неколку дена на вакциналните пунктови во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Неделава завршува и вакцинацијата на околу 2.000 пациентите кои се на дијализа, чекаат орган на листите за трансплантација, имаат трансплантиран орган или и самите се донори“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 15 лица, дополнително пријавени уште 5, меѓу кои и 33-годишно лице

Редакција

По Италија Протоколот за членство на Македонија во НАТО ратификуван и од Велика Британија

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се исплашени, предвремените парламентарни избори се единствен спас за Македонија

Редакција