еМагазин
Image default
Македонија

Добро е што ДУИ ја заокружи етничката агенда и се насочи кон граѓанинот, вели Заев

Премиерот Зоран Заев денеска изрази задоволство поради тоа што најголемата албанска политичка партија ја заокружува етничката агенда и се насочила кон граѓанинот.

„ Доста беше Албанци, Македонци, Срби, Турци, Власи. Во државата имаме граѓани. Сакам да го поздравам тоа заради тоа што е исчекор, а посебно кога доаѓа од најголемата владејачка партија од албанскиот политички блок.

Многу е значајно кога политичарите излегуваат јавно и го даваат својот збор. Тогаш тоа значи нивен завет и обврска и во пракса да го спроведат. Тоа го мислам пред се за СДСМ, но и за ДУИ и за сите други политички партии. Истовремено ги препознавате нивните политики на градење на зелената агенда на Владата,“ рече Заев. 

Потенцираше дека граѓаните од СДСМ и ДУИ, но и од БЕСА и ДПА и сите други партии што се во коалиција во иднина очекуваат јакнење на работниците, јакнење на зелените агенди, заштита на животната средина, развој на економијата преку зелената економија или зелената агенда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ќе ги фарбаат на Нефи и на Мерко дивоградбите со зелена боја“: Твитер реакции за изнедувањето на ДУИ дека ќе станеле „зелена партија“

ДУИ станува „зелена партија“: Изненадувањето е тоа што ќе се грижеле за животната средина

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

2 лица имале претходни заболувања, детали за новопочинатите од коронавирусот во Македонија

Редакција

Бојко Борисов смета дека Бугарија лошо преговара со Македонија

Редакција

Во Леуново изгоре викендица во сопственост на семејството на Миле Зечевиќ, додека тој бил во неа

Редакција