Во ковид центрите во Скопје за 24 часа нема нови хоспитализирани пациенти, а вкупно се лекуваaт 46 болни, сомнителни и потврдени за Ковид-19, информираат од Министерство за здравство.
„Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје нема хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот.
Вкупно 46 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.
Приеми немало ниту во ковид центарот во ГОБ 8 Септември и на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома е пуштен еден оздравен пациент.
Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 7 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 14 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 25 пациенти,“ се вели во соопштението.
Фото: МЗ