еМагазин
Image default
Македонија

Љупчо Николовски избран за шеф на Изборниот штаб на СДСМ, партијата започнува теренски активности под слоганот „најдоброто за нашата општина“

Под слоганот “најдоброто за нашата општина“, СДСМ од денеска почнува теренски активности со граѓаните за да дадат отчет пред нив за сработеното, но и да чујат што е она што треба да се стави во акцент во иднина и потребите на граѓаните да ги вградат во предзборните програми за локалните избори.

Планирани се над 1.000 средби и 15 граѓански трибини. Партијата веднаш ја почнува и внатрепартиската постапка за избор на кандидати за советници и градоначалници. Од нив ќе се бара визија и план за развој на општината за која ќе се кандидираат.

-Преку разговор со граѓаните сакаме да дадеме отчет за сработеното на локално, но и централно ниво за секоја општина за сите проекти и мерки кои се реализирани, но и да ги прашеме од што се задоволни што сакаат да се промени, на што да се стави акцент во периодот кој следи, да ги консултираме, да побараме предлози и идеи кои би биле внесени во нашите изборни програми и на кандидатите за советници и градоначалници, изјави Љупчо Николовски, кој на седница на Централниот одбор (ЦО) на партијата беше избран за шеф на Изборниот штаб за претстојните локални избори што треба да се одржат во октомври.

СДСМ, нагласи тој на прес-конференција, ќе излеземе со чесна понуда и овој пат и таа ќе донесе добро за оптшината, но и за секое населено место.

-Започнува инклузивна отворена демократска внатрепартиска постапка за избор на кандидати за советници и градоначалници од редовите на СДСМ. Таа постапка започнува веднаш. Ние сме фаворит на изборите, но затоа кадровската и програмската понуда се наш целосен фокус. Најдоброто за нашата оштина е наша клучна цел, рече Николовски.

Тој појасни дека по критериуми кои ги одредил ЦО, клучно за избор на кандидатите ќе биде кредибилитетот на секој кандидат, угледот, авторитетот, чесноста, работата, посветеноста, капацитетот и визијата за развој на општината. Од секој кандидат, нагласи, ќе бараме детална програма со проекти и визија за развој на општините и Градот Скопје.

Тој најави дека СДСМ во јуни ќе објави повик за самокандидирање на кандидати за градоначалници кои имаат желба и капациет и знаат како да ги водат општините.

-СДСМ докажува дека е отворена партија и секој кој има желба да се вгради во нашата понуда вратите му се отворени, истакна Николовски.

Прашан дали на седницата било разговарано и за коалицирање на претстојните избори, Николовски истакна дека коалиции ќе има, но оти се уште се разгледува дали тие би биле во првиот и вториот круг и каде.

-СДСМ на претходните избори ја содаде најголемата и најразнолика  коалиција која ги обедини најголем број политички субјекти и беше репрезент на сите етнички заедници, што и доликува на СДСМ како модерна, отворена и инклузивна партија. Се дискутираше во тој правец. Беше донесена одлука ЦО да го овласти претседателот на СДСМ, Зоран Заев да продолжи со разговорите во периодот што следува, рече Николовски.

Отворени сме, рече тој, за соработка со сите политички субјекти и верувам дека повторно ќе излеземе со најголема и најразнолика коалиција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русковска е почестена од предлогот на Заев да го води „новото СЈО“, но смета дека е рано за честитки

Редакција

(Видео) На судењето презентирана снимка од нападот на Пендиков

Редакција

До сега попишани вкупно 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови

Редакција