еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Потрага по полицаец од Делчево, исчезнал пред два дена кога отишол на риболов

Делчевската полиција трага по 51 – годишниот колега (Т.С) од Делчево, кој последен пат е забележан на 10 јуни 2021 година, четврток, кај месноста „Улив” во атарот на село Илиово.

Лицето за исчезнато е пријавено утринава по што е започната потрага од страна на МВР.

Полициски извори за МИА го потврдија настанот и додадоа дека (Т.С) често рибарел на споменатата локација, а во четвртокот на местото заминал со своето возило Застава 101, кое е пронајдено во близина на истата локација.

Повеќе детали за текот на потрагата за исчезнатиот Т.С кој инаку е вработен во МВР Делчево најавија во текот на вечерта.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Штип вработува советник за возен парк со завршено образование-рударство

Редакција

Поради обилните дождови, предупредување од ЦУК дека постои опасност од брзо зголемување на водостоите на реките и суводолиците

Редакција

Македонско – бугарски јазичен спор е апсурд: Во МАНУ промовирани четири капитални дела за македонскиот јазик

Редакција