еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Галерија) ВМРО-ДПМНЕ продолжи со протестите

Денеска е веќе петти ден како се случуваат овие блокади, овие протести. Протестираме со една цел, а тоа е да видиме што преговара двоецот Зоран ЗаевВладо Бучковски, бидејќи до сега во јавноста има една општа конфузија за тоа што преговара овој двоец, а е многу значајно затоа што од информациите кои ги добиваме од дипломатски избори од Брисел, но и од официјална Софија, тие преговараат за се’ она за кое велат дека не преговараат. А тоа се идентитетот, културата, посебноста, јазикот, наследството, антифашистичката борба, сето она за коешто велат дека не преговараат, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест, кој се одржа пред МНР.

„И многу е важно јавноста да ја знае вистината, бидејќи некако во јавноста се одомаќини зборот нов договор со Бугарија, односно со Софија.

Јас не знам навистина до кога е потребно Зоран Заев да потпишува капитулантски договори на штета на македонскиот народ, на штета на македонскиот идентитет, но едно е јасно дека ниту тоа што до сега го работеше, ниту тоа што во иднина ќе го работи, а колку е пократка таа иднина толку ќе биде подобро за македонскиот народ и македонската држава,“ изјави Мицкоски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затворен патот Штип-Неготино, поради пожарот на планината Серта

Редакција

Вашингтон убеден дека Софија и Скопје ќе најдат решение, не се размислува за санкции против Бугарија

Редакција

(Видео) Полицаецот кој го удри ракометарот Филип Талески е суспендиран и доби кривична

Редакција