Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска ја посети Народната кујна во Општина Шуто Оризари при што се запозна со реализацијата на иницијативата на оваа Општина за подготовка и дистрибуција на топли оброци за социјално ранливите категории на граѓани.
„Во кујната којашто е во рамки на детската градинка „8-ми април“ секојдневно се подготвуваат по два оброци за околу 200 семејства, а од нејзиното отворање во декември 2020 година до денес подготвени се околу 40.000 топли оброци.
Ѓоргиевска ја поздрави оваа иницијатива истакнувајќи дека во овој кризен период кога многу наши сограѓани се соочуваат со егзистенцијални предизвици, од особено значење е споделувањето на грижа за најранливите категории на граѓани,“ се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.
За реализација на активностите во Народната кујна финансиски средства одвојува Општината Шуто Оризари, а иницијативата е потпомогната и од општествено одговорни компании и индивидуалци.
Сите вклучени страни волонтерски го поддржуваат функционирањето на кујната, а во дистрибуцијата на оброците е вклучена и администрацијата на локалната самоуправа.
Фото: Кабинет на претседателот