еМагазин
Image default
Македонија

АМСМ: На граничните премини нема задржувања

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Велес ученик и техничко лице имаат Ковид -19, во самоизолација 20 ученици

Редакција

Аеродром, Карпош и Центар со над 300 активни случаи на Ковид-19: Детален преглед на состојбата по скопските општини

Редакција

Дебарскиот Оперативен штаб состојбата со Ковид-19 ја оценува како многу критична

Редакција