еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео+Фото) Пендаровски на средбата со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј разговарале и за прашањето за решавање на статусот на МПЦ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска во Истанбул оствари средба со Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх, информираат од Кабинетот на претседателот.

На средбата се разговарало за состојбите во православниот свет, улогата на Вселенската Патријаршија во поттикнувањето на меѓухристијанскиот дијалог и соживотот меѓу различните народи и религии.

Во таа насока, претседателот Пендаровски ја истакнал важноста на улогата на Вселенскиот Патријарх во поттикнувањето дијалог за сите отворени прашања во православниот свет.

„Покрај ова, на средбата се разговараше за прашањето за решавање на статусот на Македонската Православна Црква – Орхидска Архиепископија и во таа прилика претседателот Пендаровски потенцираше дека Вселенскиот Патријарх има особена улога во надминувањето на црковниот спор.

Истовремено претседателот Пендароски повика на што поскоро надминување на спорот, затоа што како што посочи, раната на едно место во православниот свет боли во целиот православен свет.

Истовремено на средбата беа разменети мислења за состојбите во регионот поврзани со актуелните случувања во однос на интеграцијата на земјите во Европската Унија, при што Патријархот Вартоломеј нагласи дека го поддржува членството на Северна Македонија во ЕУ, кое преку исполнување на критериумите би донело подобар живот, зголемена солидарност и толеранција,“ се вели во соопштението.

Фото/Видео: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пет и пол месечната Ана по успешно изведена ретка интервенција си замина дома

Редакција

Суспендирани двајца вработени во Агенцијата за национална безбедност за случајот „Онишченко“

Редакција

Доделени наградите „Никола Младенов 2021“

Редакција