еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Истражување на ЦГК: Само 1% од тендерите се контролираат, а кај секој петти има неправилности

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември 2020 година, како и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите.

Mониторингот на јавните набавки покажува дека поништувањата на тендерите стигнаа до 33%, што е највисоко ниво во последните неколку години. Најмногу поради немање понуди или поради неприфатливи понуди.

„Во пораст е отфрлањето на понудите на фирмите на тендерите поради проблеми со документацијата или со понудените предмети на набавка. Контролирани се само 1 % од тендерите во земјава и во секој петти контролиран тендер се пронајдени неправилности.

Конкуренцијата кај локалните тендери останува значително пониска отколку кај тендерите на институциите на национално ниво. Во жалбената постапка се намалува уделот на уважени жалби од фирмите, а расте уделот на одбиени жалби,“ покажува мониторингот.

Од овогодишната анкета на фирмите, проблем број еден во јавните набавки за 77% од фирмите е „најниската цена“, како критериум за избор на најповолната понуда.

„Дека фирмите се договараат на тендерите сметаат 60% од испитаните фирми. 47% од фирмите сметаат дека има корупција во јавните набавки. 47% од фирмите не се жалат на тендерите поради недоверба во Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Фирмите го оценуваат процесот на јавни набавки во земјава со просечна оценка од 2,8 (на скалата од 1 до 5), што е исто како лани. Доминантни 60% од фирмите велат дека корона-кризата влијаела негативно врз нивното учество на тендерите,“ се вели во истражувањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради корона вирусот: САД ги суспендираше сите летови од Европа до земјата на 30 дена

Редакција

Да не се заборави дека Бугарија не ни дозволи да почнеме преговори со ЕУ во време на пандемија со Ковид-19

Редакција

Осветен манастирот на Тоше „Свето Преображение Господово“ во Крушево

Редакција