еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Грција ќе обезбеди помош на границите со Македонија и Албанија за непречена размена на добра во рамките на Зелен коридор

Поддршката на Грција за европската перспектива на регионот, како и подготвеност на земјата да обезбеди помош на границата со Северна Македонија и Албанија во рамките на Зелениот коридор за непречен проток на добра, изразил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на Самитот на Берлинската иницијатива за Западен Балкан, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис во неговот излагање, како што информираат од неговиот кабинет, ја соопштил подготвеноста на Грција да помогне во проширувањето на иницијативата за зелени коридори, со цел непречена дистрибуција на неопходните добра меѓу Западен Балкан и ЕУ, со обезбедување помош на границите со Северна Македонија и Албанија.

Грчкиот премиер, повторил дека „стратешкиот избор на Грција беше и останува европската перспектива на Западен Балкан, под познатите услови“.

Паралелно, ја истакнал и важност што Грција ја придава на Берлинскиот процес, кој суштински придонесува за општествено-економски развој и приближување на народите од регионот, како и за забрзување на интегративниот тек на Западен Балкан.

На состанокот, Мицотакис и останатите лидери од Берлинскиот процес, размениле мислења за актуелната ситуација и за регионалната соработка на Западен Балкан.

На Самитот учествуваше и премиерот Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Регионалната соработка е основа за поврзување и економски прогрес, а не замена за интеграцијата во ЕУ, рече Заев на Самитот на Берлински процес

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Јаревски истури црвена течност на собраниската говорница, како симбол на крвта на жртвите на фашизмот и децата од Ваташа

Редакција

Истрагата за Жан Митрев се очекува да заврши во следните два – три месеци

Редакција

Коробкина: Во Русија се преселив без да го знам јазикот, но успеав да изградам препознатлив личен бренд

Силвана Жежова