Германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот со лидерите од Западниот Балкан во рамките на Берлинскиот процес изјави дека во ЕУ не можеле да предвидат дека Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите со Македонија.
„Некои тешкотии не можете да ги предвидите. Долго гледавме како Северна Македонија и Грција преговараа за името. Северна Македонија стана членка на НАТО, (откако го реши спорот), но одеднаш Бугарија го блокираше почетокот на преговорите за членство во ЕУ“, рече таа и повтори дека членството на шесте земји од Западен Балкан во ЕУ е геостратешки интерес, додавајќи дека во интерес на самата Унија е да го забрза тој процес за да спречи надворшни влијание во регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ продолжува да дозволува Бугарија да си игра мајтап и со неа и со Македонија и со регионот
Фото: Влада