еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Денеска завршува јавниот повик за субвенции за плински уреди во возилата

Министерството за економија соопшти дека денеска се затвара јавниот повик за субвенции за вградување на уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата.

Според јавниот повик кој беше објавен на 7 јуни, сите граѓани кои што ќе вградат ваков вид уреди во своите возила ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата за вградување на плински уред, но не повеќе од 18.000 денари односно 300 евра.

За да добијат субвенции, сопствениците на возила произведени од 2005 година па наваму, треба да извршат купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, по денот на објавување на Јавниот повик, во некој од фирмите кои вршат продажба и вградување на таквите уреди.

Јавниот повик беше предвидено да трае 60 дена од денот на објавување. Од објавување на јавниот повик заклучно со денешниот ден се пристигнати 670 барања, а во буџетот на Министерството за економија за реализација на оваа мерка се предвидени вкупно 11.000.000 денари за околу 610 апликанти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска треба да се вратат старите цени на авто-полисите

Редакција

Се очекува намалување на бројот на вработени во преработувачката индустрија

Редакција

Цените на производителите на индустриски производи зголемени за 18%

Редакција