еМагазин
Македонија

Денеска се отвора вакцинален пункт и во поликлиниката во Шуто Оризари

Министерството за здравство информира дека денеска ќе се отвори нов вакцинален пункт во Поликлиниката во Шуто Оризари кој ќе работи од 7.30 до 14.30 часот.

„За вакцинација, доволно е само желба и задолжително документ за лична идентификација, за здравствените работници да ги запишат вашите податоци и да бидете евидентирани во ситемот Мој Термин,“ информираа од Министерство за здравство.

Од таму апелираат до граѓаните што помасовно да се вакцинираат, бидејќи единствен начин да заврши оваа пандемија е што помасовна вакцинација.

„Овие месеци се одличен период кога бројките на новозаразени и хоспитализирани се намалени, достапноста на вакцините е голема. Апелираме до сите граѓани да дојдат и да се вакцинираат,“ се додава во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Бугарите спорна средновековната македонска историја, а за новата имало уште посериозни разминувања

Редакција

За бројчаникот на Порта Македонија Заев платил 7.000 евра

Редакција

Обвинителство се сомнева дека некој му дојавил на Мијалков за притворот

Редакција