еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Австралијанецот, со македонски корени Џим Ристевски повторно со хуман гест: Собра 28.000 австралиски долари за хемотерапија на малиот Јаков

Австралијанецот, со македонски корени Џим Ристевски, за неполни два дена успеа да собере преку неговата мрежа на деловни партнери и пријатели приближно 28.000 австралиски долари за хемотерапија за двегодишниот Јаков.

Познатиот бизнисмен и филантроп по трет пат со своја иницијатива успеа да ја вклучи заедницата во Австралија за помош за земјата од каде потекнуваат неговите предци.

– Јаков, ти си мал борец, твојата насмевка ги стопи срцата на Австралијанците. Тука, кога сме повторно во локдаун, сите ги отворивме нашите џебови за да помогнеме.

Инаку сум татко на три деца и едноставно не можев да замислам да не се вклучам да помогнам, вели Ристевски, кој ѝ е познат на македонската јавност по два претходни хумани гестови.

Во 2016 година, кога се случија големите поплави тој успеа да собере 10.000 австралиски долари за малиот Ведран Велиновски од Крива Паланка, кој ги загуби своите мајка и брат на скопската обиколница.

Минатата година тој повторно се јави како организатор на иницијатива за собирање донации во која ја вклучи неговата ќерка Медисон Ристевски, средношколка од Волонгонг, Австралија.

Таа ѝ припаѓа на четврта генерација Австралијанци со македонско потекло и изработувајќи средношколски проект, ги заинтригира светот и нашата дијаспора. Донациите доаѓаа од хумани луѓе од Австралија, Кина, Филипините, Нов Зеланд, Малта, Канада, САД, а беа наменети за реконструкција на Медицинското училиште Д-р Јован Калаузи од Битола, кое беше во очајна состојба.

– Не сакам никој да ми каже благодарам, зошто јас не направив ништо поразлично од секој еден кој добрината ја смета за доблест. Замолувам да ја споделиме страната за донации на GoFundMe gofundme.com и да ги дособереме средствата кои се потребни за да го видиме овој мал херој како расте во добар млад човек, додаде тој.

Џим Ристевски е основач и менаџер на неколку компании во сфера на градежништво, аутсорсинг и дистрибуција на пијалаци во 12 земји во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отворени телефонски броеви за донации за лекување на двегодишниот Јаков Јанакиев

Му требаме на двегодишниот Јаков кој двапати беше опериран од тумор и остана без бубрег

Фото: Фејсбук/Ристевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оштетени се три икони на крстот во скопско Драчево: Детали од МВР

Редакција

Цела листа: Ги нема Пешевски и Миновски, кој се е во советодавното тело на вицепремиерот Битиќи

Редакција

Разрешени министрите на Алтернатива – Сали, Алити и Чупи

Редакција