еМагазин
Image default
Локално

„Љубовна драма“ меѓу вработени во Општина Карпош заврши со крвава пресметка со нож и отказ

Сопругите се скарале, а нивните мажи расправијата ја завршиле со крвава пресметка. По љубовната драма која вчера претпладне се одвивала во близина на Општина Карпош, 37-годишен маж, кој бил прободен со нож во градите, е пренесен на клиниката за торакална хирургија, пренесе телевизијата Сител.

Неофицијално, како што објави телевизијата причина за пресметката меѓу брачните парови била љубовната врска меѓу двајцата колеги времено вработени во Општината.

Кавгата ја почнале сопругите, се приклучиле и мажите, а завршила кога еден од нив употребил нож.

Мажот кој со нож сакал да ја разреши љубовната драма побегнал, но потоа сам се пријавил во полиција, објави телевизијата.

„На ул. Драгиша Мишовиќ, по претходна расправија, С.А (34), со остар предмет му нанел повреда на В.К (37), двајцата од Скопје“, соопштија од МВР, потврдувајќи го инцидентот.

Од Општината Карпош пак соопштија дека привремено вработените добиле отказ, бидејќи ги нарушиле етичките и професионални стандарди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува потрагата по лицето што скокна во Вардар

Редакција

38-годишен маж загина во сообраќајка во струмичко

Редакција

Девојка од Прилеп пронајдена почината во вештачкото езеро Борино

Редакција