еМагазин
Image default
Македонија

Во Скопје почувствуван земјотрес, епицентарот бил во Косово

Земјотрес беше почувствуван синоќа во Скопје.

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML3.3, а од граѓаните на главниот град и околината бил почувствуван со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа во 23 часот и 07 минути го регистрираше земјотресот.

Епицентарот се наоѓал 28 километри северозападно од Скопје во соседното епицентрално подрачје Урошевац – Витина, Република Косово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аеродром, Карпош и Центар со над 300 активни случаи на Ковид-19: Детален преглед на состојбата по скопските општини

Редакција

Во Куманово нови 26 заболени од Ковид-19, оздравени 42 пациенти

Редакција

Ако има докази ќе се постапи по барањето за екстрадиција на турските државјани, кои ги бара Турција

Редакција