еМагазин
Бизнис

Сковин со загуба во првите шест месеци

Сковин АД Скопје за периодот јануари-јуни 2021 година оствари оперативна загуба во износ од 485 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех, соопштија од таму преку Македонската берза.

“Остварените вкупни приходи во периодот јануари-јуни 2021 година изнесуваат 476 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2020 година бележат пад од 88%, кој се должи на непостоење на сопствено производство и продажба, како резултат на целосна реализација на Одлуката за одобрување на голема зделка-продажба на подвижен и недвижен имот и пренос на трговски марки реализирана во целост во 2020 година.

Вкупните расходи во износ од 989 илјади денари бележат пад од 95% во однос на вкупните расходи  во 2020 година. Оперативните расходи изнесуваат 961 илјада денари и во споредба со 2020 година кога изнесувале 17.478 илјади денари бележат намалување од 95%.

Во прилог на ова значителен пад имаат сите видови на трошоци што се должи  на споменатото непостоење на сопствено производство и продажба.

Финансиските расходи во износ од 28 илјади денари бележат намалување од 94% во однос на 2020 година“, велат од Сковин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Сковин“ со загуба во првите три месеци од годинава

Драган Наков поднесе оставка од Одборот на директори на „Сковин“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фершпед со добивка во првите шест месеци

Редакција

Вонредни контроли во Охрид, Струга и Дојран: АХВ извршила инспекција на 89 оператори, уништени 203 килограми на небезбедна храна

Редакција

Игор Илиевски купи акции во Аутомакедонија

Редакција